Едно лице загина и двајца се повредени при напад врз кинеската амбасада во КиргистанБишкек, 30 август 2016 (МИА) - Едно лица загина и две лица се повредени при денешниот напад врз кинеската амбасада во Киргистан, јави ТАСС.
Непознат човек со автомобил се обидел да влезе низ вратата на дипломатското претставништво, а потоа фрлил експлозив.
Човекот во автомобилот загинал при нападот, а две лица, вработени во абасадата, се повредени.
Причината за нападот се уште не е позната.
|