Гутереш и натаму прв по третиот круг гласање во СБ за нов генерален секретар на ОН

Њујорк, 30 август 2016 (МИА) - Во Советот за безбедност на Обединетите нации, синоќа заврши третата рунда од неформалното гласање за нов генерален секретар на Светската организација, а според неофицијалните информации, поранешниот португалски премиер Антонио Гутереш и натаму е во водство, пред шефот на словачката дипломатија, Мирослав Лајчак, и поранешниот српски министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ. 

Според информациите, за Гутереш имало 11 позитивни, три негативни и еден неопределен глас, за Лајчак девет позитивни, пет негативни и еден неопределен глас, додека за Јеремиќ седум позитивни, пет негативни и три неопределени гласа, пренесува Танјуг.

Британските медиуми, повикувајќи се на неименувани дипломати, наведуваат дека бугарската политичарка и генерален директор на Организацијата за образование, наука и култура на ОН (Унеско) Ирина Бокова добила ист број гласови како Јеремиќ.

По нив следат аргентинската министерка за надворешни работи Сузана Малкора, македонскиот кандидат Срѓан Керим и поранешната премиерка на Нов Зеланд Хелен Кларк.

Последните три места, меѓу вкупно 10-те кандидати, ги делат поранешниот словенечки претседател Данило Тирк, некогашната министерка за надворешни работи на Молдавија, Наталија Герман, и шефицата на ОН за прашањата на климата Кристина Фигерес од Костарика.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...