Клинтон со четири проценти предност пред Трамп

Демократската кандидатка за американски претседател Хилари Клинтон има четири проценти предност пред нејзиниот републикнаски ривал Доналд Трамп, покажува најновата анкета на инситутот Ипсос. чии резилтати беа објавени синоќа.

Според ова истражување, спроведено меѓу 9 и 15 септември, за Клинтон би гласале 42 проценти од анкетираните, а за Трамп 38 отсто.

Во истражувањето се наведува дека болеста на Клинтон, поради која таа неколку дена ја прекина својата кампања, не влијаела на нејизната популарност.  

Анкетата покажува и дека над една петтина од испитаници не поддржуваат ниту еден од овие двајца кандидати.

Според Ипсос, доколку сега се одржат избори Клинтон има 60 проценти шанси да стане претседател на САД. Пред една недела шансите на Клинтон за победа се проценуваа на 83 отсто.

Намалувањето на шансите за победа на Клинтон се објаснува со фактот, што според оваа последна анкета, Трамп е во водство во сојузната држава Флорида, која на последните три изборни циклуса се покажа како клучна за победа на изборите.

Кога станува збор за останатите двајца кандидати за американски претседател, либертаријанецот Гери Џонсон има поддршка на осуи проценти од испитаниците, а фаворитката на Зелената партија, Дил Стејн - три отсто.

Оваа анкета доаѓа во пресрет на првата телевиска дебата меѓу Клинтон и Трамп, која е закажана за 26 септември на њујоршкиот Универзитет „Хофстер“.

По ова, ќе следат уште две телевизиски соочувања на ове двајца претседателските кандидати на 9 и 19 октомври.

Остантите претседателски кандидати нема да учествуваат во дебатите затоа што не го исполнуваат поставениот услов да имаат најмалку 15 проценти поддршка на избирачите во анкетите.

Изборите за претседател на САД се закажани за 8 ноември.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...