Дамаск, 19 септември 2016 (МИА) - Примирјето во Сирија кое влезе во сила пред една недела, продолжено е до денеска во 19 часот, иако официјално истече вчера на полноќ, изјави висок сириски воен извор, пренесува БТА.
- Сириската армија одлучи да ги замрзне воените дејствија до недела вечер, но Русија одлучи да го продолжи примирјето до денеска во 19 часот по локално време, изјави сирискиот претставник, кој побарал да остане анонимен.
- Не знаеме дали примирјето дополнително ќе биде продолжено, додаде тој.
Претставникот на опозицискиот Врховен преговарачки комитет Џорџ Сабра изјави денеска дека тоа примирје е „голема лага", пренесе ДПА.
- Овонеделното примирје не ја постигна главната цел - испорака на хуманитарна помош, додаде тој.