Нов севернокорејски успешен тест за лансирање ракета

Сеул, 20 септември 2016 (МИА) – Северна Кореја изврши успешен тест од копно на ракета за лансирање сателити, со нов тип мотор со голема моќност. Тестирањето го надгледувал и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, јавија севернокорејски медиуми.

Ким бил присутен на тестирањето во Вселенскиот центар Сохае на запад во државата, се вели во соопштение и побарал од научниците што е можно побрзо да биде лансиран сателит.

Новиот мотор  обезбедува ракетниот носач да може да лансира разни видови сателити меѓу кои и сателити за надгледување на површината на Земјата.

Лансирањето го побарал Ким, јави севернокорејската агенција КЦНА. Тоа е прво негово појавување во јавност на воен настан откако во Пјонгјанг на 9 септември беше извршена петта нуклеарна проба.

Најновото тестирање е извршено во момент на глобални осуди за петтата нуклеарна проба на Северна Кореја, но и по повикот на САД, Јапонија и Јужна Кореја за поголем притисок врз Пјонгјанг поради непочитување на резолуции на ОН со кои се забранува неговата ракетна и нуклеарна програма.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...