САД размислуваат да испратат оружје за сириските Курди

Вашингтон, 23 септември 2016 (МИА) - Вашингтон размислува да испрати оружје за сириските Курди, кои ќе учествуваат во операцијата за враќање на контролата врз сирискиот град Рака, изјави синоќа началникот на Здружениот генералштаб на Вооружените сили на САД, генерал Џозеф Денфорд.

САД тврдат дека досега им давале оружје само на арапските групи во составот на Сириските демократски сили - арапско-курдска коалиција, која неодамна го презеде од Исламска држава стратешкиот сириски град Манбиџ.

Но, сега САД размислуваат да ги снабдат со оружје и Курдите кои се во состав на коалицијата, со ризик да предизвикаат гнев кај Турција, која ги смета овие сили како сириски огранок на Курдската работничка партија (ПКК).

Денфорд истакна во Сенатот дека доколку САД го зајакнат потенцијалот на Сириските демократски сили тогаш тоа ќе ги зголеми шансите за успех во Рака, кој е под контрола на ИД.

Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер, исто така, изрази поддршка за секоја иницијатива со која ќе им се дозволи на Сириските демократски сили да извршат офанзива во градот Рака, но нагласи дека се уште не се донесени одлуки околу прашањето за вооружување на Курдите.

Според податоците на Пентагон, Сириските демократски сили моментно бројат околу 30.000 борци, од кои само 14.000 се Арапи, а останатите во најголем број се Курди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...