Во Сирија пронајден „прирачник за џихадисти“ издаден во Турција

Дамаск, 24 септември 2016 (МИА) - Во текот на неодамнешната операција за ослободубвање на енклава што беше под опсада на терористите во северна Латакија, сириските војници открија копии на „прирачник за терористи“, јави „Спутник Арабик“.

Книгата е издадена во Турција и ги учи џихадистите на „правилно водење на борби на странска територија“ и употреба на нуклеарно оружје.



Прирачникот под наслов „Зад Ал-Муџахид“ (Водич за работа на божјите воини) е пишуван на арапски јазик, а објавен е во Истанбул од издавачката куќа „Гураба“.

- Книгата е полна со омраза и повикува на војна против луѓето кои не ја делат верата со џихадистите, а соджи и упатства што треба да се прави со непријателите и нивниот имот, изјави сириски војник кој ја прочитал книгата.

Тој наведе дека има и упатство како се спалуваат градовите освоени од џихадистите, потоа да „се исечат сите дрвја, да се уништи секоја трага на живот и да се убијат заробениците на правилен начин“.

Во прирачникот пишува и дека џихадистите имаат право да ги венчаат своите затвореници, а се спомнува и „можност за употреба на нуклеарно оружје“.

Книгата е забранета во Сирија поради „радикалната содржина и оти повикува на насилство и терор“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...