Четири жени загинаа во престрелка во трговски центар во САД

Вашингтон, 24 септември 2016 (МИА) - Во градот Берлингтон во американската сојузна држава Вашингтон во синоќешната престрелка загинаа четири жени, додека еден маж е тешко повреден. Вооружениот напаѓач побегна, соопшти полицијата.

Инцидентот се случи синоќа во трговскиот центар „Каскејд“ во Берлингтон, околу 105 километри северно од Сиетл.

- Полицијата активно трага по напаѓачот, маж од јужноамериканско потекло, облечен во сива облека, изјави портпаролот на Државната патрола во Вашингтон, Марк Френсис.

Полицијата соопшти дека нема индиции оти нападот е терористичкии акт иако се уште не се познати мотивите.

- Во Вашингтон синоќа се случи трагедија. Нашите срца се во Берлингтон, напиша на Твитер гувернерот на Вашингтон Џеј Инзли

Канцеларијата на ФБИ во Сиетл соопшти дека „нема информации за евентуални нови напади“ во сојузната држава Вашингтон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...