Трамп: Како претседател на САД ќе направам повеќе од Клинтон за правата на жените

 

Вашингтон, 25 септември 2016 (МИА) - Кандидатот на републиканската партија за претседател на САД, Доналд Трамп изјави дека доколку биде избран за шеф на државата ќе направи повеќе за правата на жените отколку неговата противничка од Демократската партија Хилари Клинтон.

- Противкандидатката сака да каже дека со децении се бори за жените и за децата. Зошто тогаш 70 милиони американски жени и деца живеат во сиромаштија во нашата земја?, праша Трамп на предизборната средба во Роаноук, заклучувајќи дека ништо не направила по тоа прашање.

Неколку часа претходно, Трамп на Твитер напиша дека на утрешната телевизиска дебата со Хилари Клинтон ќе ја донесел Џенифер Флауерс, поранешна љубовница на Бил Клинтон. Во одговор на неговиот твит, портпаролката на предизборниот штаб на Клинтон, Џенифер Палмиери истакна дека „Хилари планира да ја искористи дебатата за разгледување на проблемите кои ги мачат граѓаните, но и дека не е воопшто чудно што Трамп избрал поразличен начин за претставување пред јавноста“.

Во Њујорк денеска се очекува да се одржат одделни средби меѓу кандидатите за претседател на САД и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...