Осуммина повредени во вооружен напад во Балтимор

Балтимор, 25 септември 2016 (МИА) - Тројца вооружени напаѓачи со огнено оружје повредија осум лица, меѓу кои и едно три годишно дете, во американскиот град Балтимор, по што побегнале, соопшти локалната полиција.

Повредените веднаш се пренесени во болница и нивниот живот не е во опасност.

- Нападот се случил околу 20 часот и 30 минути по локално време, откако тројцата вооружени мажи се собрале во група, пристигнувајќи од различни правци, изјави комесарот на балтиморската полиција Кен Дејвис.

Тој додаде дека станува збор за планиран одмазднички напад како одговор на престрелката на почетокот од месецов, пред одбележувањето на Денот на трудот, кога еден маж бил убиен, а две жени се повредени, од кои едната била бремена.

Дејвис не објаснил како истражните органи утврдиле поврзаност меѓу двата инцидента.

Комесарот истакна дека лицата, кои синоќа беа повредени, би можеле да ги препознаат напаѓачите, но властите не можеле веднаш да ги идентификуваат осомничените и се уште трагаат по нив. Едниот од нив имал ловечка пушка, а другите двајца носеле пиштоли.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...