Полицијата во Шарлот ги објави снимките и фотографиите од инцидентот

 

Шарлот, 25 септември 2016 (МИА) - Полицијата во американскиот град Шарлот објави записи и снимки од инцидентот меѓу полицијата и убиениот афроамериканец Кит Скот, откако демонстрантите неколку дена бараат нивно објавување.

Во полициското соопштение, со кое е приложена и снимката, се наведува дека Кит Скот имал пиштол и користел марихуана за време на инцидентот. Полицијата објави и фотографии на пиштол, футрола на глуждот и цигара со марихуана.

Убиството на црномурестиот маж од страна на полицијата предизвика масовни и насилни протести поради полициската бруталност.

На снимката не се гледа добро дали Скот имал пиштол, но јасно се слуша како полицајците бараат од него да го фрли на земја. Полицајците, кои биле во квартот за да извршат некоја друга задача, му го забележале оружјето и веднаш ставиле на себе заштитни елеци, пред да му дадат јасни инструкции да го остави пиштолот. Скот не ги послушал добиените усни команди. Полицаецот кој го убил Скот е исто така афроамериканец и отворил оган бидејќи проценил дека Скот претставува непосредна физичка закана за него и останатите полицајци.

Адвокатите на семејството на Скот изјавиле дека снимката остава многу прашања без одговор и не дава јасни докази дали во раката на убиениот има предмет и каков е тој предмет.

Полицијата соопшти дека на пиштолот се наоѓале отисоци од Скот, што е утврдено со ДНК анализа, а оружјето било наполнето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...