Истрели од огнено оружје на Универзитет во американската држава Илиноис
Чикаго, 25 септември 2016 (МИА) - Во кампусот на Универзитетот во Илиноис, во САД, се слушнале истрели, а според локалните медиуми непознато лице најверојатно истрелало девет куршуми, по што побегнало.
Локалниот весник „Дејли Илини“ пишува дека истрагата е во тек, а полицијата не соопштува детали.
Засега нема официјална потврда за евентуални жртви, додека корисници на социјалните мрежи пишуваат дека има загинати и повредени.
Инцидентот се случил пред локалната пошта и еден блок подалеку од популарното кафуле во кампусот „Црвениот лав“.
|