Шестмина избодени со нож во близина на колеџ во Бостон

Бостон, 25 септември 2016 (МИА) - Шест лица се избодени со нож и шишиња рано изутринава на улица во близина на кампусот на колеџот „Емерсон“ во Бостон, соопшти полицијата, а двајца напаѓачи се во бегство.

Бостонската полиција соопшти дека еден од повредените се наоѓа во критична состојба и веднаш е опериран.

Според претставникот на полицијата Бернард О’Рурк, идентификуван е еден од осомничените напаѓачи.

Весникот „Бостон Глоуб“ наведува дека двајцата напаѓачи се и понатаму во бегство, додека според портпарол на полицијата за едно од избодените лица постои сомнеж дека е напаѓач.

Полицијата интервенирала околу два часот и 15 минути по локално време, откако била пријавена тепачка, и наишла на избодени лица.

Во овој кварт од градот се наоѓаат голем број кафулиња и ноќни клубови.

Колеџот „Емерсон“ утрово испрати предупредување до учениците, повикувајќи ги да пријават „секаква сомнителна активност“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...