Еро и Џонсон: Русија би можела да биде обвинета за воени злосторства во Сирија

Париз, 25 септември 2016 (МИА) - Шефот на француската дипломатија Жан-Марк Еро денеска предупреди дека Русија и Иран ќе „станат соучесници во воените злосторства“ доколку продолжат да го поддржуваат режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Тој ги повика Москва и Техеран „да преземат одговорност така што ќе ја запрат стратегијата што води во ќорсокак“.

- Во спротивно Русија и Иран ќе станат соучесници во воените злосторства направени во Алепо, посочи Еро.

Претходно, британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон ја обвини Русија дека ја пролонгира  војната во Сирија и оти ја влошува ситуацијата во земјата.

И тој потенцира дека Русија би можела да биде виновна за воени злосторства.

На обвинувањата на Џонсон одговори портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

- Се е точно, освен два збора: наместо „Русија“ треба да се стави „Велика Британија“, а наместо „Сирија“ - „Ирак“, напиша Захарова на Фејсбук.

Во меѓувреме главните сириски бунтовнички групи истакнаа дека не можат да ја прифатат „Русија како посредник, бидејќи е партнер на сирискиот режим во злосторствата против нашиот народ“.

Тие тврдат дека сириските сили поддржани од Русија употребуваат напалм и хемиско оружје, за што не ги казнува меѓународната заедница.

Во соопштението потпишано од  над 30 групи на бунтовниците се посочува дека се интензивираат бомбардирањата на руските и сириските авиони врз Алепо, со што осуден е на неуспех каков било мировен процес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...