Бан до светските сили: Ставете крај на ноќниот кошмар во Сирија

Њујорк, 25 септември 2016 (МИА) - Генералниот секретар на Обединети нации, Бан Ки-мун денеска апелираше светските сили да вложат поголем напор за ставање на крај на ноќниот кошмар во Сирија. 

- Каков изговор би можеле да имаме за што било помалку од одлучна акција за да се стави крај на хаосот? Уште колку време ќе дозволуваат оние кои имаат влијание да продолжат таквите свирепости, запраша Бан на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН посветена на Сирија.

- Ги повикувам сите страни да вложат поголем напор да заврши овој ноќен кошмар, потенцира Бан.

Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека во денешните воздушни напади врз позиции на бунтовниците во Алепо загинале најмалку 23 цивили.

Но, претставникот на цивилната одбрана, Ибрахим Алхај кој раководи со акцијата за спасување на преживеаните лица истакна дека досега се пронајдени 43 тела.

Членот на Медицинскиот совет Мохамед Зеин Кандагани, кој ја надгледува здраствената помош во опозициските области, изјави дека стравува дека голем број од повредените ќе починат поради недостиг на средства за адекватна помош.

- Никогаш не сум видел на едно место да умираат толку многу луѓе, истакна Кандагани во локална болница.

Дел од западите медиуми јавија дека меѓу загинатите има и шест деца, а бунтовниците тврдат дека се интензивирале воздушните напади на сириската и руската армија врз Алепо по истекот на примирјето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...