Вонредната седница на СБ на ОН за Сирија заврши без резултат

Њујорк, 26 септември 2016 (МИА) - Вонредната седница на Советот за безбедност на ОН, посветена на Сирија, заврши без да бидат преземени било какви активности.

За време на седницата постојаниот претставник на Русија, Виталиј Чуркин, влезе во отворен конфликт со претставниците на САД, Велика Британија и Франција, наведува БТА. 

Трите западни сили ја обвинија Москва, дека ја поддржува офанзивата на нејзиниот близок сојузник, сирискиот претседател Башар Ал Асад, која е најсмртноносна во граѓанската војна што трае веќе 5,5 години. 

Кога сирискиот амбасадор Башар Џафери беше повикан да говори, амбасадорите на САД, Велика Британија и Франција излегоа од салата во знак на протест. 

Постојаниот претставник на Русија во ОН ги обвини сириските бунтовници дека го саботираат договорот за прекин на огнот од 9 септември. 

Тој исто така ја обвини западната коалиција, дека не ги разликува умерените сили, кои ги поддржува, од терористичките групи, вклучително со Џебхат Фатах аш Шам (Поранешниот клон на Ал Каеда во Сирија, кој до скоро се нарекуваше Џебхат ал Нусра). 

-Постигнувањето мир е речиси невозможна задача сега, истакна Чуркин.  

Тој, пред Советот за безбедност на ОН изјави дека Русија се уште сака прекин на огнот и обновување на преговорите меѓу страните во сирискиот конфликт.

Постојаниот претставник на Франција во ОН, Франсоа Делатр, нагласи дека итното спроведуање на договорот за прекин на огнот, направен од САД и Русија, е „наша единствена надеж“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...