Укинат полицискиот час во американскиот град Шарлот

Шарлот, 26 септември 2016 (МИА) - Градоначалничката на американскиот град Шарлот, во Северна Каролина, вчера го укина полицискиот час, кој беше наложен претходната недела, поради протестите придружени со насилство, а кои8 беа иницирани со убиството на афроамериканецот Кит Скот (43) од страна на полицијата. 

По убиството, што се случи во вторникот, во Шарлот се одржаа протести против полициската бруталност, кои прераснаа во насилство, по што градоначалничката Џенифер Робертс наложи полициски час од полноќ до 6.00 часот наутро. 

Вчерашните протести поминаа мирно, а потоа Роберст објави дека е прекинат полицискиот час. 

Во саботата, полицијата во американскиот град Шарлот објави записи и снимки од инцидентот меѓу полицијата и убиениот афроамериканец Кит Скот, откако демонстрантите неколку дена бараат нивно објавување.

Во полициското соопштение, со кое е приложена и снимката, се наведува дека Кит Скот имал пиштол и користел марихуана за време на инцидентот. Полицијата објави и фотографии на пиштол, футрола на глуждот и цигара со марихуана.

Убиството на црномурестиот маж од страна на полицијата предизвика масовни и насилни протести поради полициската бруталност.

На снимката не се гледа добро дали Скот имал пиштол, но јасно се слуша како полицајците бараат од него да го фрли на земја. Полицајците, кои биле во квартот за да извршат некоја друга задача, му го забележале оружјето и веднаш ставиле на себе заштитни елеци, пред да му дадат јасни инструкции да го остави пиштолот. Скот не ги послушал добиените усни команди. Полицаецот кој го убил Скот е исто така афроамериканец и отворил оган бидејќи проценил дека Скот претставува непосредна физичка закана за него и останатите полицајци.

Адвокатите на семејството на Скот изјавиле дека снимката остава многу прашања без одговор и не дава јасни докази дали во раката на убиениот има предмет и каков е тој предмет.

Полицијата соопшти дека на пиштолот се наоѓале отисоци од Скот, што е утврдено со ДНК анализа, а оружјето било наполнето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...