Сана, 26 септември 2016 (МИА) - Јеменските безбедносни сили денеска убиле локален лидер на Ал Каеда во неговиот стан во јужната провинција Абјан.
Еден јеменски војник загинал, а еден е повреден при упад во станот на џихадистот, кој е идентификуван како Абдулах Хубаибат, на периферија од градот Лодер.
Во акцијата биле повредени уште двајца џихадисти, а еден е уапсен, соопштија официјални претставници.