Во Либија ќе биде формирана нова влада, најави либискиот премиер

Париз, 28 септември 2016 (МИА) - Во Либија ќе биде формирана нова влада, изјави за време на посетата на Париз премиерот на либиската Влада на национално единство, Фајез ал Сараџ.

Тој нагласи дека наскоро во Либија ќе бидат формирани и обединети вооружени сили, кои ќе ги вклучуваат силите под контрола на генералот Халифа Хафтар, кој сега ги контролира клучните нафтени наоѓалишта во земјата. 

- Немаме друг избор освен дијалог и примирје. Ние треба да ги обединиме напорите во борбата против тероризмот. Ние повеќе пати досега повикуваме да се стори се што е неопходно за да се избегне граѓанска војна, Ал Сараџ. 

Тој изјави дека наскоро ќе му достави на Парламентот во Тобрук, кој блокира какво и да е политичко решение во Либија, листа со составот на новата влада, во која ќе има избалансирано претставување на сите сили во земјата. 

Премиерот изјави дека разговарал со генералот Хафтар и за прашањето за заеднички вооружени сили на Либија, како и за заеднички сили за безбедност.

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека Франција нема да штеди сили за да ја поддржи владата на Либија, особено во борбата против тероризмот.

Оланд додаде дека Либија нема да ја преживее судбината на Сирија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...