Силното невреме цела Јужна Австралија ја остави без струја

Сиднеј, 28 септември 2016 (МИА) - Моќната бура што ја зафати Јужна Австралија без електрична енергија ја остави цела држава, пренесоа светските агенции.

Државата Јужна Австралија, во која живеат 1,7 милион луѓе, беше зафатена од силен ветар и пороен дожд. Бурата доведе до прекин на електричната енергија, предизвика и хаос по патиштата, луѓето ги заглави по лифтовите, а властите ги натера да ги предупредат жителите да не излегуваат надвор, посочуваат американските медиуми.

- Ова очигледно е доста големо невреме, кога може да оштети толку многу инфраструктура и да разурне толку многу од системот, рече премиерот на државата Џеј Ведрил.

Специјализирани екипи работат на обновата на електричната енергија, но отстранувањето на штетите веројатно ќе одземе часови и часови, изјави тој.

Метеоролозите очекуваат лошото време да продолжи до утре со ветар со бризина над 100 километри на час и врнежи до 10 сантиметри.

Според нив, оваа бура може да се покаже како најсилната во Јужна Австралија во последните 50 години, забележа ТАСС.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...