Хамас среќен поради смртта на Перес, Палестинците молчат

Газа, 28 септември 2016 (МИА) - Палестинските власти не лиферуваа официјално соопштение по повод смртта на поранешниот претседател на Израел Шимон Перес, додека исламистичкото движење Хамас коментира дека се „среќни за смртта на злосторникот“.

Портпаролот на Хамас, Сами Абу Зухри изјави дека „палестинскиот народ е среќен поради смртта на злосторникот“.

- Шимон Перес беше еден од последните основачи на израелската окупација. Неговата смрт означува крај на една ера во историјата на израелската окупација, истакна Зухри.

По повод смртта на Перес, на палестинската територија објавена е само куса вест, но нема официјална реакција, јавува Танјуг.

Поранешната портпаролка на палестинските автономни власти Дијана Бути на Твитер напиша дека „Перес бил злосторник кој никогаш не се покајал“ и дека „ревизионистичката историја нема да делува“.

Поранешниот претседател на Израел и добитник на Нобеловата награда за мир Шимон Перес почина утрово, во 93. година од животот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...