Безбедносните агенции на САД разгледуваат нови опции за СиријаВашингтон, 29 септември 2016 (МИА) - Американските национални безбедносни агенции разгледуваат повеќе опции, меѓу кои и неколку нови, за решавање на сириската криза, соопшти денеска заменик државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.
Тој пред американските конгресмени одговори на прашањето што подразбира т.н. „План Б“, по очевидниот дипломатски неуспех за прекин на пет и полгодишната војна во Сирија.
- Претседателот Барак Обама од своите агенции побара да предложат опции, некои познати, а некои нови, кои ние сериозно ги разгледуваме, нагласи Блинкен, додавајќи дека деталите за опциите ќе бидат познати откако во следните денови ќе се разработат.
Според него, надворешните актери во сирискиот судир би можеле да почнат да внесуваат повеќе ресурси во тој конфликт, предупредувајќи дека на крајот тоа би можело да му наштети на сирискиот претседател Башар ал Асад, како и на Русија.
|