Телефонски разговор меѓу Обама и Меркел за ситуацијата во Украина и во Сирија

Вашингтон, 29 септември 2016 (МИА) - Претседателот на САД Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел денеска телефонски разговараа за Сирија и за Украина, изјави портпаролот на Белата куќа Џош Ернест.

Тој наведе дека двајцата лидери изразиле загриженост од зголемувањето на насилството во Сирија, а потоа разговарале за ситуацијата во Украина.

Претходно, Меркел телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин на истите две теми.

Како што соопшти Кремљ, двајцата лидери се согласија за „обновување на напорите за целосна примена на договорите од Минск за прекин на огнот“ во источниот дел на Украина. Тие договориле и идни средби на различни нивоа во нормандиски формат и се согласиле дека е потребно да ги синхронизираат напорите за наоѓање решение за украинскиот конфликт.

Зборувајќи за Сирија, Меркел и Путин повикале за обединување на напорите за прекин на огнот во Сирија врз основа на договорот меѓу Русија и САД.

Путин нагласил дека е од големо значење исполнувањето на ветувањата од страна на американските партнери за разграничување на умерената опозиција од терористичките групи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...