Шимон Перес денеска ќе биде погребан во Ерусалим

Ерусалим, 30 септември 2016 (МИА) - Поранешниот претседател и премиер на Израел и добитник на Нобеловата награда за мир, Шимон Перес денеска ќе биде погребан во Ерусалим, а на церемонијата ќе присуствуваат голем број светски лидери. 

Церемонијата на државниот погреб на Перес, кој почина во средата на 93-годиншна возраст ќе биде одржана на израелските национални гробишта Гора Херци во Ерусалим. Перес престојуваше во болница по мозочниот удар кој го претрпе пред две недели.

На погребот на лидерите од целиот свет, меѓу кои како што е најавено ќе бидат американскиот претседател Барак Обама, францускиот претседател Франсоа Оланд, високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, германскиот претседател Јоаким Гаук и британскиот принц Чарлс, ќе им се придружи и палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Абас ќе ја предводи делегацијата на високи палестински функционери, вклучувајќи го главниот преговарач со Израел, Саеб Ерекат.

На погребот е најавено и присуството на американскиот државен секретар Џон Кери, поранешниот претседател на САД Бил Клинтон, канадскиот премиер Џастин Трудо, шефот на британската дипломатија Борис Џонсон, шпанскиот крал Фелипе Шести, холандскиот премиер Марк Руте, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, поранешниот британски премиер Тони Блер и многу други. 

Во Израел се воведени зајакнати мерки за безбедност, при што осум илјади полицајци ќе бидат мобилизирани во операцијата за која началиникот на полицијата во Ерусалим рече дека е без преседан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...