САД градат воена база во Нигер за беспилотни летала за борба со тероризмот

Вашингтон, 30 септември 2016 (МИА) - Американското Министерство за одбрана потврди дека САД градат воена база во Нигер, за прием и испраќање беспилотни летала (дронови).

Базата се наоѓа во градот Агадез, во централниот дел на оваа африканска држава, и американската влада ги плаќа трошоците за новата писта, за другите инфраструктурни објекти и за целата потребна опрема.

Според соопштението на Пентагон, за изградбата на базата ќе се потрошат 50 милиони долари, но американаките медиуми тврдат дека изградбата на базата ќе чини речиси двојно повеќе.

Американците веќе се присутни со дронови во базата во Ниамен, главниот град на Нигер, што ја делат заедно со француските специјални антитерористички сили.

Новата база, се проценува како стартешки позначајна за борбата против меѓународниот тероризам, затоа што нејзината положба им овозможува на САД да имаат поголема можност за користењет на дроновите против исламистичките екстремисти, во соседните Либија, Мали и Нигерија.

Американски воени експерти оценуваат дека новата база за борба со тероризмот, во централен Нигел претставува едно од најважните воени проекти на САД во Африка.

Дроновите (летала без пилоти) се користат за надгледување и разузнавање, како и за воени цели, за бомбардирање на непријателски позиции, во реони каде е опасно да се испраќаат авиони со пилотски екипаж.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...