Доналд Трамп го нараче спикерот Пол Рајан „слаб и неефикасен“ политичар

 

Вашингтон, 12 октомври 2016 (МИА) - Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп го нападна спикерот на Конгресот на САД, републиканецот Пол Рајан, дисквалификувајќи го како „слаб и неефикасен“ политичар.

Острите критики на сметка на Рајан, еден од водечките политичари на Републиканската партија, доаѓаат по неговото соопштение дека повеќе нема да го брани, застапува и да го подржува Трамп.

Спикерот Рајан се дистанцира од официјалниот кандидат на партијата, откако во петокот беа публикувани видео снимките, снимени во 2005 година, на кои Трамп прави коментари за жените и зборува за секс со омажени жени и изнесува други агресивни сексуални коментари.

Реагираше Белата куќа, чиј портпарол го квалификува однесувањето на кандидатот на републиканците, како „сексуално насилство“, но остро реагираа и низа републикански политичари во САД.

Според американските медиуми, речиси половината од вкупно 331 републиканец во Сенатот и во Конгресот, како и гувернери, се дистанцираа целосно од својот претседателски кандидат, додека десет отсто од нив , јавно побараа од Трамп да се откаже од кандидатурата и да си замине.

Единствен кој јавно го бранеше е потпретседателскиот кандидат Мајк Пенс кој изјави дека Трамп е „цврст борец“ и дека може да победи на изборите на 8 ноември.

Спикерот Рајан изјави дека сега целата своја политичка активност ќе ја насочи кон изборите за Конгресот и Сенатот, настојувајќи републиканците да не го загубат мнозинството што го имаат во Претставничкиот дом.

Освен кон Рајан, Трамп се нафрли и врз своите сопартијци, обвинувајќи ги за нелојалност.

„Доаѓаа кај мене републиканци од сите страни, но ваквата нивна нелојалност е потешка за борба, од борбата со демократите, рече Трамп за домашните медиуми.

Последните истражувања покажуваат дека по инцидентот со коментарот за жените, демократката Хилари Клинтон ја зголеми предноста. Доколку сега би се гласало, таа би освоила 49 отсто од гласовите, додека за Трамп би гласале 38 отсто од Американците.

Републиканскиот штаб околу Доналд Трамп сега целосно се насочи кон нападите врз Клинтон за службената електронска пошта, што таа како државен секретар на САД, често пати ја испраќала од својот приватен сервер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...