Офанзивата врз Мосул обединува голем број сили, од кои и со сосема различни интереси

Багдад, 17 октомври 2016 (МИА) - Офанзивата врз Мосул, главното упориште на групацијата Исламска држава во Ирак е мошне сложена операција, во која во различен степен учествуваат ирачката армија, странски сили и локални групации со различни, а понекогаш и спротивставени интереси.

Битката почна, но никој не може да предвиди колку време ќе им биде потребно на ирачката армија и на полицијата за да влезат во тој втор по големина град во земјата и да ги протераат џихадистите, дел од кои со сигурност ќе се помешаат со населението, јави БТА.

Офанзивата многупати беше најавувана, па одложувана, откако премиерот Хајдер ал Абади ги повика во март 2016 година воените сили да ја ослободат провинцијата Ниневија, чиј главен град е Мосул. Причина беа големиот број несогласувања меѓу различните сили присутни во регионот, а исто така, и политичките препирки во Багдад, меѓу Владата и Парламентот.

Со претежно воздушната поддршка од силите на меѓународната коалиција, предводена од САД, како и со поддршка на Иран кој на теренот испрати војници со помош на паравоените формации, силите на режимот чекор по чекор од март до сега напредуваа и се приближија до Мосул, користејќи ја базата во градот Махмур на 20 километри од позициите на џихадистите. Истовремено силите за безбедност на автономниот Ирачки Курдистан, т.н. пешмерги презедоа операции северно од Мосул.

Силите кои учествуваат во битката за Мосул се пред се, ирачката армија, познатата антитерористичка служба, федералната и локалната полиција, шиитските милиции, од кои повеќето се потчинети на Техеран, пешмергите, Турција, САД и земјите од меѓународната коалиција. 

Ирачките федерални воени сили бројат околу 30 илјади лица и тие ја очекуваат поддршката од авионите на меѓународната коалиција, чии сили бројат околу седум илјади војници во Ирак, од кои 4.600 се испратени од Вашингтон.

Во воената база во близина на Мосул и Ирачки Курдистан се распоредени и турски војници. Нивното присуство се смета за еден од главните фактори поради кои според експертите офанзивата задоцнила. Багдад инсистираше тие да бидат повлечени, но Турција сакаше по секоја цена да учествува во различни фази на офанзива во обид да го ограничи зајакнувањето на Курдите на својата граница и да го обнови некогашното влијание врз регионот на Мосул и локалните богатства, кои ги смета за сопствени.

Според аналитичарите во последните часови судирите со сигурност ќе се сведат на блиски борби за секоја поединечна улица со борците на ИД. Тие се меѓу три илјади и 4.500 според оценките на меѓународната коалиција, додека во градот се уште остануваат околу 1,5 милиони жители и ОН стравуваат од хуманитарна криза во регионот.

Ирачките сили доколку ја следат истата тактика како во Тикрит и во Рамади, кои беа ослободени во март 2015 и февруари 2016, ќе го опколат градот при последниот напад. Елитните антитерористички единици повторно може да бидат во првите редови. 

Пред да стигнат до центарот на џихадот, ирачките сили ќе треба да навлезат десетици километри навнатре во териториите под контрола на ИД.

Силите кои војуваат со ИД ќе се соочат со џихадистите, кои имаа две години за да ја подготват одбраната на последното поважно засолниште. Многу е веројатно дека ќе користат снајперисти, автомобили бомби и дека ќе го минираат локалното земјиште за да го забават унапредувањето на ирачките воени сили. Во обид да се заштити од нападите на коалицијата ИД може исто така да ги користи локалните жители како жив штит.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...