Викиликс: Еквадор го прекина пристапот на Асанж до интернет

Викиликс соопшти дека Еквадор го прекинал пристапот до интернет на основачот на оваа веб страница, Џулијан Асанж, кој престојува во еквадорската Амбасада во Лондон.

Како што јави Би-Би-Си, засега нема официјална потврда на соопштението на Викиликс, а не се познати ни евентуалните мотив на Еквадор за донесување таква одлука.

Вработен во еквадорската Амабасада во Лондон телефонски за британскиот јавен радиодифузен сервис само изјавил дека „не може да открие каква било информација“.

Би-Би-Си наведува дека амбасадорот на оваа јужноамериканска земја, одбива да ги коментира тврдењата на Викиликс, што ја создаде Асанж пред десет години, а каков било коментар за случајот не сакала да даде ни лондонската Метрополитен полиција.

Џулијан Асанж од јуни 2012 година се крие во зградата на еквадорската Амбасада во Лондон, каде се засолни со цел да не биде екстрадиран во Шведска, каде е осомничен за сексуално насилство.

Во август тој доби политички азил од Еквадор, но не може да отпатува за оваа земја, затоа што ќе биде веднаш уапсен од британската полиција, доколку излезе од зградата на Амбасадата.

Викиликс деновиве објави хакирани приватни мејлови на Хилари Клинтон, а минатиот викенд и транскрипт од платениот говор на демократскиот претседателски кандидат во банката „Голдман и Сакс„ што нејзиниот штаб досега не сакаше да биде јавно презентиран.

Изборниот штаб на Клинтон, хакирањето го означи како сајбер напад диригиран од руски хакери, за да им се наштети на Демократската партија и на нејзиниот кандидат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...