Најмалку 60 убиени во напад врз полициски центар во Пакистан

Исламабад, 25 октомври 2016 (МИА) - Најмалку 60 лица се убиени, а над 120 - повредени при напад врз полициска школа крај градот Куета, главен град на провинцијата Белуџистан во Северозападен Пакистан, соопшти претставник на локалната полиција, пренесува ДПА.

Меѓу повредените има доктори и припадници на безбедносните сили.

Министерот за внатрешни работи на провинцијата Белуџистан Сарфараз Бугти утрово рече дека операцијата за чистење на полициската школа од напаѓачите е завршена.

Нападот е извршен од тројца вооружени напаѓачи-самоубијци, изјави Бугти. Напаѓачите, кои носеле елеци со експлозиви, се мртви

- Двајца од напаѓачите-самоубијци се саморазнесоа, предизвикувајќи жртви, а третиот беше убиен од нашите војници, рече генерал-мајор Шер Афган во соопштението објавено во весникот „Дон“.

Според него, зад нападот стои пакистанската сунитска терористичка група „Лашкар е Џангви ал Алми".

Напаѓачите зеле 250 лица за заложници, кои после прочистувањето на центарот биле ослободени, додаде Афган.

Истото полициско училиште, во кое се школуваат над 700 курсисти, беше нападнато во 2006 и во 2008 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...