Кери и Зариф наградени за историската нуклеарна спогодба

Вашингтон, 25 октомври 2016 (МИА) - Американскиот државен секретар Џон Кери и иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф се добитници на престижната награда за меѓународна дипломатија на лондонскиот Кралски клуб за меѓународни односи „Четам хаус“ за постигнатата историска спогодба за иранската нуклеарна програма.

Двајцата министри, кои преговараа меѓу 2013 и 2015 година во четири очи или заедно со колегите од групата „пет плус еден“ (САД, Кина, Русија, Франција, Велика Британија и Германија) се одликувани со наградата како признание за нивната клучна улога во 2015 година за пронаоѓање решение за една од најтешките кризи во меѓународните односи на 21. век, се вели во соопштението на лондонскиот Институт.

Спогодбата, која треба да го гарантира мирновременскиот карактер на иранската нуклеарна програма во замена за укинување на санкциите, беше склучена на 14 јули 2015 година и стапи во сила на 16 јанаури оваа година.

- Многумина ја сметаа оваа спогодба за невозможна, но таа се покажа како победа на дипломатијата и победа против ширењето нуклеарно оружје, посочи „Четам хаус“.

Меѓу носителите на годишната награда на „Четам хаус“ се поранешниот државен серкетар и актуелен кандидат за Белата куќа, Хилари Клинтон, мјанмарската опозициска лидерка и актуелен министер за надворешни работи Аунг Сан Су Чи и организацијата „Лекари без граници“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...