ХРВ: На Саудиска Арабија и Русија не им е местото во Советот за човекови права на ОН

Њујорк, 25 октомври 2016 (МИА) - Организацијата „Хјуман рајтс воч" денеска оцени дека кандидатурите на Саудиска Арабија и Русија за членство во Советот за човекови права на ОН се компромитирани од нивните активности во Јемен, односно во Сирија, каде тие се обвинувани за напади врз цивили.

Според „Хјуман рајтс воч" кандидатурите на Саудиска Арабија и Русија се закануваат да ја поткопаат довербата во главниот орган на ОН за човекови права и неговата способност да бара одговорност од сторителите.

Претходно „Хјуман рајтс воч" и „Амнести интернешенел" повикаа на Саудиска Арабија привремено да не и биде дозволен прием во Советот за човекови права на ОН поради незаконски напади врз цивили во Јемен, каде од март 2015 година загинале или се повредени над 11.000 мирни жители.

Русија е обвинета за нанесување воздушни напади во Сирија, при што се убиени и ранети повеќе цивили.

Организацијата, исто така, сигнализира против кандидатурите на Кина и Египет поради лошото претставување во областа на човековите права.

Генералното собрание на ОН ќе спроведе избори за 47-члениот Совет за човекови права на 28 октомври.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...