Ирачките сили ја потиснаа ИД од градот Рутба

Москва, 25 октомври 2016 (МИА) - Ирачките владини сили денеска презедоа целосна контрола над Рутба, град во западен Ирак, кој пред два дена беше заземен од терористичката групација Исламска држава (ИС), јави ТАСС.

При операцијата за ослободување на Рутба, кој во провинцијата Анбар, според ирачки армиски извори, биле убиени најмалку 40 борци на ИД.

- Нашите сили целсно го исчистија Рутба, изјави ирачкиот генерал Ибрахим ал Махалауи.

Под притисок на офанзивата на ирачките владини сили врз нејзиното главно ирачко упориште Мосул, што започна на 17 октомври, ИД последниве денови изврши неколку диверзантски акции во Киркук, а потоа во неделата ја нападна и Рутба. Џихадистите презедоа контрола врз делови од градот и вчера егзекутираа петмина Ирачани. Во петокот десетици џихадисти извршија жесток напад врз Киркук, убивајќи најмалку 46 лица.

Извори од командата на ирачките сили во Анбар посочуваат дека денеска при бомбардирања на ирачкото Воено воздухопловство и на авиони на меѓународната антиџихадистичка коалиција, били ликвидирани 40 терористи од ИД и уништени 14 возила опремени со тешко вооружување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...