Картер: Почнаа подготовките за изолирање на Рака

Париз, 25 октомври 2016 (МИА) - Меѓународната антиџихадистичка коалиција ги започна подготовките за изолирање на сирискиот град Рака, кој важи за престолнина на т.н. „Исламски Калифат“, што го прогласи групата Исламска држава (ИД), соопшти вечерва во Париз, американскиот секретар за одбрана Ештон Картер.

- Ги започнавме подготвителните активности за изолирање на Рака, изјави Картер, додавајќи дека овие подготовки се одвиваат паралелно со меѓународната операција за потиснување на ИД од ирачкиот град Мосул.

Картер, кој учествува на средбата на министрите за одбрана на 13-те земји вклучени во меѓународната антиџихадистичка коалиција, нагласи дека во операцијата за преземање на контролата над Рака треба да учествуваат локални сили, како по примерот на акциите за ослободување на Манбиџ во август годинава, во која учествуваа здружените арапско-курдски сили или на Дабик кон средината на овој месец, која ја спроведоа сириските бунтовници поддржани од Турција. 

- Операцијата може да ја спроведат само локални жители, кои сакаат да и нанесат траен пораз на ИД. Тоа не можат да го сторат сили од надвор, рече Картер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...