ЕУ ги повика сириските власти да го продолжат прекинот на огнот во Алепо

Брисел, 26 октомври 2016 (МИА) - ЕУ ги повикаува сириските власти и нивните сојузници да ја продолжат „хуманитарната пауза“ во Алепо, посочија високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и европскиот комесар за хуманитарна помош Христос Стилијанидис.

- Ги повикуваме сириските власти и нивните сојузници да продолжат со „хуманитарната пауза“ во Алепо и да дозволат пристап на здружениот организациски конвој, како што беше предвидено во октомврискиот план на ОН за пружање на помош, се вели во заедничката изјава на Могерини и Стилијанидис.

Како што јави ТАСС, тие уште додаваат и дека земјите треба да покажат трајна ангажираност со спроведувањето на хуманитарна операција за помош на сириското население и за обезбедување непречен пристап и достапност до теренот за хуманитарните конвои.

- Сите страни во конфликтот треба да прекинат со стрелбите во урбаните делови и реоните околу болниците на Алепо. Намерните напади кон обични граѓани, вклучително и хуманитарни и медицински работници, како и цивилни и медицински објекти се експлицитно кршење на меѓународното право и, сами по себе, можно е да претставуваат воени злосторства. Не постои воено решение за сириската граѓанска војна, нагласуваат Могерини и Стилијанидис.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...