Гамбија стана третата африканска земја која се повлекува од МКС

Банџул, 26 октомври 2016 (МИА) - Претседателот на Гамбија, Јахја Јамех соопшти дека неговата земја се повлекува од Меѓународниот кривичен суд (МКС), незадоволна, затоа што, како што рече, обвинува и понижува само Африканци.

Малата западноафриканска земја е третата држава на „Црниот континент“ која се повлекува од Судот, протестирајќи против неговата, наводна, пристрасност.

Претходно тоа го направија и Бурунди и Јужна Африка.

- МКС целосно ги игнорира западните воени злосторства, па излегува дека тој се претвори во меѓународен суд на белците за обвинување и понижување на обоените луѓе, а посебно на Африканцитем изјави во Банџул, гамбискиот министер за информации Шериф Бајанг.

Засега нема реакции од МКС за незадоволството што се шири низ африканските земји, но главниот обвинител на Судот е Африканецот Фату Бенсуда, кој е поранешен министер за правда на Гамбија.

Претседателот Јахја Јамех е на власт во земјата цели 22 години од воениот удар во 1994 година. Во декември годинава во Гамбија се одржуваат парламентарни избори, но никој не верува дека Јамех ќе ја загуби власта.

Опозицијата е обезглавена, откако нејзиниот лидер Оусаину Дарбое и други 18 опозициски политичари беа уапсени и осудени на три години затвор, обвинети дека организирале протести без претходно да побараат и добијат дозвола од власта.

Меѓународниот кривичен суд почна да работи во 2002 година, со цел да се санкционираат најтешките воени злосторства.

Во МКС членуваат 123 земји, но не и САД и Русија. Во изминатите 14 години, обвинувања се подигнати само против Африканци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...