САД и Израел првпат не гласаа против резолуција на ОН за прекин на ембаргото кон Куба

Њујорк, 26 октомври 2016 (МИА) - Генералното собрание на ОН денеска гласаше по 25-ти пат резолуција, со која се бара прекин на трговско-економското ембарго кон Куба, воведено од САД повеќе од 50 години.

Резолуцијата беше поддржана од 191 држава, а првпат досега САД и Израел не гласаа против текстот, туку беа воздржани. Постојаниот претставник на САД во ОН, Саманта Пауер изјави дека воздржаноста не значи дека Вашингтон се согласува со сите политики и делувања на кубанската Влада.

Со резолуцијата се настојува земјите, кои се уште применуваат санкции против странски компании кои тргуваат со Кина, да преземат неопходни мерки за нивно повлекување во најбрз можен период.

Американскиот претседател Барак Обама презеде чекори за намалување на трговските санкции и ограничувањата за патување во Куба, но само Конгресот може целосно да го укине ембаргото.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...