ОН: За помалку од еден месец во источниот дел на Алепо убиени се 400 лица и скоро 2.000 се ранети

Њујорк, 27 октомври 2016 (МИА) - Околу 400 лица загинаа и речиси 2.000 се ранети за помалку од еден месец при нападите во источниот дел на Алепо, кој е под контрола на бунтовниците, изјави вчера заменик-генералениот секретар на ОН, Стивен О’Брајан на седницата на Советот за безбедност, јави ТАСС. 

О`Брајан истакна дека бомбардирањата во Алепо месецов биле најинтензивни, од почетокот на конфликотот во Сирија во 2011 година. 

- Минатата недела, во која стапи во сила прекинот на огнот, ОН заедно со Сирискиот црвен крст, Меѓународниот комитет на Црвениот крст и ред сириски невладини организаци, направија план за евакуација на ранети и болни лица и нивните семејства од источниот дел на Алепо, објасни О’Брајан. 

- И покрај тешките преговори со страните во конфликотот, ОН и партнерите беа подготвени да започнат операција на 23 октомври, но тие планови беа осуетени поради спротивставувањето на две вооружени групи „Ахрах аш Шам“ и „Нуредин ал Зенги“, додаде заменик-генералениот секретар на ОН.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...