САД: Професорот Норпот ја прогнозира победата на Трамп

Вашингтон, 27 октомври 2016 (МИА) - Американскиот професор Хелмут Норпот, творецот на моделот со чија примена, освен во еден случај, успешно можел да го предвиди победникот на сите претседателски избори во САД во изминатите 100 години, тврди дека во ноември победата ќе ја добие Доналд Трамп. 

Овој политиколог од  Универзитетот „Стони Брук“ во Њујорк, развил модел за предвидување и кога го применил ретроактивно, се увидело дека ги покажал сите победници на изборите од 1912 година. Погрешил само еднаш и тоа во 2000 година, кога рекол дека ќе победи Ал Гор, пишува лондонскиот весник „Индепендент“. 

Меѓутоа Гор, тогаш доби многу гласови, но по спорното пребројување на гласовите на Флорида, претседател стана Џорџ Буш помладиот. 

Норпот во изјавата за „Њујорк пост“ нагласи дека Трамп бил најсилен во изборите во рамките на Републиканската партија и дека ќе победи. 

- Со моделот уште во февруари беше предвидено дека Трамп ќе победи, и од тогаш ништо се нема променето. Што и да се случува во вистинскиот свет, не влијае на моделот, истакна Норпот. 

Моделот, меѓутоа, не го зема предвид политичкиот пејсаж кој постојано се менува, ниту како поединечни случувања влијаат на изборната трака, како ни фактот дека двете најсилни партии во САД се помалку ја претставуаат земјата во целина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...