Њујорк, 27 октомври 2016 (МИА) - Акциите на „Тесла Моторс Инк“ се покачија, откако овој американски производител на електромобили го објави второто свое профитно тримесечје од 2010 досега, јави ДПА.
Фирмата на милијардерот Илон Маск, и претприемач во областа на технологијата, има нето приходи од 21,9 милиони долари во третиот годинешен квартал. Истиот период лани, таа забележа загуба од 293,2 милиони долари.
Приходите на „Тесла“ за периодот јули-септември годинава се покачиле за 145 проценти, на 2,3 милијарди долари - многу повеќе од очекувањата на познавачите. Акциите на компанијата пак ја зголемија својата пазарна вредност за над шест отсто.
Компанијата „Тесла“ е основана во 2003, а на берзата излезе во 2010. Досега имаше само едно позитивно тримесечје -тоа во третиот квартал од 2013 година, напомнува БТА.