Си-Ен-Ен: Трамп досега освои 247 места во Изборниот колеџ, а Клинтон - 217

Вашингтон, 9 ноември 2016 (МИА) - Републиканскиот кандидат за американски претседател Доналд Трамп досега освои 244 места во Изборниот колеџ, а неговиот демократски противкандидат Хилари Клинтон 215, јави Си-Ен-Ен врз основа на проекциите од првичните резултати од претседателските избори во САД.

Трамп ќе победи во Алјаска и ќе ги освои тамошните три изборни гласа, јави Си-Ен-Ен. 

Трамп и натаму води во Алјаска, Мичиген, Висконсин, Аризона, Њу Хемшир, како и во Пеннсилванија. освен во државата Јута, во сите се преброени повеќе од 63 отсто од гласовите и ако Трамп сите ги освои, ќе добие дополнителни 67 изборни гласови. Со тоа, лесно ќе ја надмине бројката од неопходни 270 изборни гласа и може да стаса и до убедлива победа со вкупно 305 електорски гласови.

Трамп извојува победа во Алабама, Арканзас, Ајдахо, Ајова, Вајоминг, Западна Вирџинија, Индијана, Јужна Дакота, Јужна Каролина, Канзас, Кентаки, Лујзијана, Небраска, Мисисипи, Мисури, Монтана, Оклахома, Охајо, Северна Дакота, Северна Каролина, Флорида, Џорџија, Јута, Тексас и Тенеси, додека Клинтон победи во Вашингтон, Вермонт, Вирџинија, Делавер, Калифорнија,  Конектикет, Колорадо, Масечусетс, Мериленд, Илиноис, Невада, Ново Мексико, Њујорк, Њу Џерси, Орегон, Род Ајленд, Хаваи, како и во главниот град Вашингтон.  

За победа на еден од кандидатите за претседател му се потребни најмалку 270 гласа во 538-члениот Изборен колеџ.

Во вкупниот број на досега преброени гласови Трамп освоил со 48,3 проценти, а Клинтон 47,1 отсто.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...