Протести во повеќе американски градови по победата на Трамп

Вашингтон, 10 ноември 2016 (МИА) - Изборната победа на Доналд Трамп во текот изминатата ноќ предизвика масовни протести во повеќе американски градови, пренесе ДПА.



Демонстранти излегоа на улиците на Њујорк, Филаделфија, Чикаго, Бостон, Сиетл, Портланд, Сан Франциско и Вашингтон, извикувајќи „Не е мојот претседател“ - фраза, која стана популарен хаштаг и на Твитер.

Илјадници луѓе излегоа на Шестата авенија во Њујорк, на која се наоѓа кулата Трамп, каде е бизнис империјата на новоизбраниот претседател.

Демонстрантите во Чикаго скандираа „Еве како изгледа демократија“. Во северозападниот град Сиетл демонстрантите скандираа „Солидарност!“ и „Станете и возвратете на ударот“.



Група од над 100 лица во Вашингтон скандираше „Љубов, а не омраза“, во протестот што се одржа на две улици од Белата куќа.

Приближно 24 часа порано слични протести избија и во повеќе градови од Западното крајбрежје на САД по неочекуваната победа на Трамп над Хилари Клинтон во претседателската трка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...