Мит Ромни еден од „посилните кандидати“ за иден американски државен секретар

Њујорк, 21 ноември 2016 (МИА) - Поранешниот републикански претседателски кандидат, Мит Ромни, и еден од најострите критичари на Доналд Трамп, меѓу републиканците во САД, е еден од „посилните кандидати“ за иден државен секретар на САД.

Избраниот потретседател Мајк Пенс за американските медиуми потврди дека Ромни се сретнал со Трамп во Њу Џерси и дека на средбата се разговарало и за улогата на Ромни во идната админстрација.

Пенс рекол дека Ромни е еден од кандидатите за шеф на Стејт департментот, но засега нема никакви други коментари околу средбата во Њу Џерси.

Во кусата изјава за новинарите, по разговорите во голф комплексот Бадминстер, Ромни само рекол дека со Трамп имал „широко опфатни разговори“.

Мит Ромни, кој на претседателските избори во 2012 година загуби од Барак Обама, кој тогаш го освои својот втор мандат, остро се противеше на номинирањето на Трамп за кандидат на републиканците за годинешниве избори.

Ромни тврдеше дека Трамп нема ниту темпаремент, а ниту расудување за да биде номиниран и да биде претседател на САД, инсистирајќи дека неговиот избор нема да и донесе просперитет и иднина на Америка.

Трамп во текот на својата кампања го прикажуваше Ромни како „пропаднат политичар“, како политички „артист“, и како најслабиот претседателски кандидат што го понудила Републиканската партија.

Американските медиуми сметаат дека Ромни како државен секретар нема да биде далеку од конзервативизмот на идната администрација, на што досега инсистираше Доналд Трамп.

Весниците потсетуваат дека Ромни во минатото има давано изјави за Русија кои се „потврди“ од сегашните јавно изнесени позиции на Трамп кон оваа земја.

Како други кандидати за шеф на американската дипломатија и натаму се споменуваат уште и Руди Џулијани, поранешен градоначалник на Њујорк, и Њут Гингрич, некогашен спикер на Конгресот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...