Околу 70.000 Ирачани ги напуштиле своите домови од почетокот на операцијата во Мосул

Женева, 22 ноември 2016 (МИА) - Речиси 70.000 лица ги напуштиле своите домови, откако на 17 октомври започна операцијата за ослободување на ирачкиот град Мосул од џихадистичката група Исламска држава, соопшти денеска Службата на ОН за координирање на хуманитарните прашања.

Според податоци на Службата, за една недела од 14 до 20 ноември бројот на раселени луѓе се зголемил за 14.000, достигнувајќи 68.550 лица. Седумдесет и осум проценти од жителите на Мосул кои побегнале од судирите нашле засолниште во кампови, а останатите во други населени места. 

Меѓународната организација за миграција истакна дека од 18 ноември над 8.300 Ирачани ги напуштиле своите домови.

Најновите истражувања покажуваат дека ИД употребила хемиско оружје во Ирак и Сирија најмалку 71 пат од 2014 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...