Бунтовниците не им дозволуваат на бегалците да го напуштат Алепо

Бејрут, 23 ноември 2016 (МИА) - Бунтовниците не им дозволуваат на десетици семејства да го напуштат источниот дел на Алепо, додека владините сили, поддржани од Русија ги интензивираат нападите врз окупираните квартови, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Сириски и руски медиуми тврдат дека бунтовниците ги користат 275 илјади цивили, кои останале во Алепо како човечки штит.

Опозициски медиуми од своја страна сакаат да покажат дека цивилите никогаш нема да се согласат да се вратат под власта на Башар ал Асад.

Копнени сили на сириската Влада навлегле синоќа во источниот дел на Алепо, истакна Центарот. Според податоци на невладината организација, со седиште во Лондон, хеликоптери на Владата фрлиле и отровен гас врз окупираните региони.

- Режимот на Башар ал Асад зазеде околу една третина од клучниот кварт Масакин Ханано, изјави Рами Абдел Рахман, директор на Центарот. Тој додаде дека тоа е клучен и важен чекор за сириската армија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...