Обама со медал ги награди Мајкл Џордан, Елен Деџенерис, Том Хенкс, Бил Гејтс...

Вашингтон, 23 ноември 2016 (МИА) - Американскиот претседател Барак Обама им врачи „Претседателски медал на слободата“ на група иноватори, научници и ѕвезди, меѓу кои се најдоа и филантропот Бил Гејтс, музичарот Брус Спрингстин и актерот Том Ханкс, пренесе ДПА.



На церемонијата во Белата куќа Обама наградите им ја врачи на вкупно 21 лице. Наградените тој ги опиша како „искличителни Американци, кои го кренаа нашиот дух, го засилија нашиот сојуз и не поттикнаа кон прогрес“.

Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда се наградени затоа што преку нивната фондација поделиле милијарди долари за борба со гладта и сиромаштијата низ светот. Комичарката Елен Деџенерис наградата ја добива не само за својот артистички придонес, туку и затоа што уште пред една деценија јавно призна дека е лезбејка, „за нашата земја да ја потурне кон правдина“.

Од шоу бизнисот награди добија основачот на емисијата „Сатерди најт лајв", Лорн Мајклс, актерите Роберт де Ниро, Роберт Редфорд и Сисели Тајсон, како и пејачката Дајана Рос. Кошаркарските величини Мајкл Џордан и Карим Абдул-Џабар се надвиснаа над претседателот Обама додека тој им ги ставаше медалите околу вратот, забележа ДПА.



Обама награди и помалку познати личности, кои им одолеале на предизвиците да стигнат до врвот во својата област - вклучително и физичарот Ричард Гарвин, кој ја создал водородната бомба, а кој потоа се бореше за неширење на нуклеарното оружје. Меѓу наградените се и Маргарет Хамилтон, која во 60-тите го создала софтверот за ракетите„ Аполо“, Грејс Харпер, пионер во информатиката, Едуардо Падрон, претседател на колеџ, поранешниот претседател на Федералната комисија за комуникациим Њут Миноу и Елоиз Кобел, заштитничка на правата на американските индијанци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...