Колумбија утре ќе потпише договор за мир со ФАРК

Богота, 23 ноември 2016 (МИА) - Колумбиската Влада и групата Револуционерни вооружени сили на Колумбија (ФАРК) утре во Богота ќе потпишат нов мировен договор, со кој се става на крај на вооружениот конфликт кој трае повеќе од половина век. 

Делегациите на Владата на Колумбија и на ФАРК прифатиле на 24 ноември во 11:00 часот (16 ч. По Гринич) во Богота да потпишат договор за завршување на конфликтот и постигнување одржлив мир, соопштија во заедничката изјава преговарачите од двете страни .

Тие нагласија дека потоа новиот договор ќе биде претставен пред колумбискиот парламент, со цел да биде одобрен. 

Претходниот договор со ФАРК на референдум беше отфрлен од страна на Колумбијците . 

Поранешниот колумбиски претседател Алваро Урибе одби да го поддржи новиот договор.

Урибе ја предводеше кампањата за поништување на претходниот договор, која доведе до негово отфрлање. 

Според Урибе над 50-те промени во договорот ќе ја стават под закана демократијата во Колумбија, бидејќи со нив не се казнуваат доволно бунтовниците за злосторствата кои ги извршиле.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...