ОН: До крајот на 2016. половина свет ќе биде онлајн

Њујорк, 23 ноември 2016 (МИА) - До крајот на 2016 година речиси половина од светското население ќе користи Интернет, бидејќи мобилните мрежи растат, а цените паѓаат, иако повеќето ќе бидат концентрирани во развиениот свет, објави Меѓународната телекомуникациска унија на Обединетите нации. 

Интернет користат и до 80 отсто од жителите во развиените земји, додека онлајн е само 40 отсто од популацијата на земјите во развој и 15 проценти во слабо развиените држави, пишува во извештајот на Агенцијата на ОН.

Во неколку сиромашни и нестабилни африкански земји секоја десетто лице е на Интернет. 

Оние, кои не ја користат глобалната мрежа најчесто се жени, постари лица, слабо образованите луѓе, сиромашните и оние кои живеат во руралните подрачја, нагласува Агенцијата специјализирана за информациска и комуникациска технологија.

Глобално гледано со Интернет се служи 47 отсто од светската популација, помалку од планот, кој го постави ОН - 60 отсто до 2020 година.

Без Интернет се најмалку 3,9 милијарди луѓе, што е повеќе од половината жителите во светот, а Агенцијата очекува дека пристап до мрежата до крајот на оваа година ќе имаат 3,5 милијарди луѓе. 

- Во 2016 година луѓето повеќе не одат на Интернет, тие се на Интернет. Ширењето на 3-Г и и 4-Г мрежите ширум светот донесе на Интернет се повеќе и повеќе луѓе, се вели во извештајот. 

Телекомуникациските и интернет компаниите се шират, а се подостапните паметни телефони им го олеснуваат на луѓето сурфањето на Интернет, но послабо развиените земји заостануваат зад остатокот од светот.

- Пристапот до Интернет во тие земји е на ниво на развиените држави од 1998 година, што значи дека послабо развиените земји 20 години заостануваат зад развиените, додава Агенцијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...