Трамп: Сакам да ги смирам Израел и Палестинците

Вашингтон, 23 ноември 2016 (МИА) - Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека сака да „биде тој што ќе ги смири Израел и Палестинците“.

-Тоа би бил прекрасен успех, додаде Трамп за „Њујорк тајмс“.

Неговиот предлог за прогласување на Ерусалим за израелска престолнина, спротивно на досегашната американска политика, ги разбесне Палестинците, пренесе Индех.хр.

Републиканскиот милијардер додаде дека неговиот зет Џеред Кушнер, сопруг на неговата ќерка Иванка, може да има улога во евентуалните мировни преговори.

Кушнер, деловен човек и инвеститор, му беше близок соработник на Трамп во предизборната кампања. По изборите, Кушнер побара пристап до секојдневното безбедносно информирање во Белата куќа и на 17 ноември присуствуваше на средбата на Трамп со јапонскиот премиер, што беше неговата прва средба со некој странски лидер.

Израелската десница беше исклучително задоволна од победата на Трамп на изборите од 8 ноември и во неа виде навестување за продолжување и забрзување на изградбата на еврејските населби на окупираните палестински подрачја, па и крај на идејата за независна палестинска држава, наведува Индех.хр.

Екипата на Трамп, меѓутоа, ја повика израелската десница да не се занесува, изјави израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман.

Актуелниот државен секретар Џон Кери со месеци наназад инсистираше на било какво придвижување во мировните преговори меѓу Израел и Палестинците, но без успех.

Директните преговори меѓу двете страни се на мртва точка веќе 2,5 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...