Мнозинство Американци веруваат дека Трамп ќе биде добар претседател

Две недели по изборот на претседател во САД, мнозинство Американци веруваат дека новиот шеф на државата Донал Трамп добро ќе ја извршува својата должност. Сепак, мал број од нив одобрува начин на кој тој ги раководи транзициските власти, се вели во резултати од најнова анкета на Си-Ен-Ен и на ОРЦ.

Педесет и три отсто анкетирани сметаат дека Трамп ќе биде многу или прилично добар претседател, 40 отсто велат дека имаат многу доверба во Трамп кога станува збор за решавање економски прашања.

Тие 40 отсто се повеќе во однос на бројот Американци кои изразуваа доверба во Обама, Буш, Клинтон и Реган пред нивите инауграции.

Речиси три четвртини испитаници велат дека Трамп ќе го укине Обамакер, додека две третини сметаат дека тој повторно ќе преговара за договорот НАФТА, а шест од 10 анкетирани се со став дека Трамп ќе отвори добро платени места во економски загрозени области.

Исто така, 63 отсто Американци велат дека економијата ќе биде во добра состојба за една година, и тој процент е највисок од 2012 година. Половина испитаници мсетаат дека Трамп ќе ја порази ИД додека 48 отсто сметаат дека навистина ќе се гради ѕид долж границата со Мексико.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...