Пронајдени 10 преживеани лица при падот на авионот во Колумбија

Богота, 29 ноември 2016 (МИА) - Спасувачки екипи досега пронајдоа 10 преживеани лица, како и тела на 25 загинати, при урувањето на боливискиот авион со 81 патници и членови на екипажот во централна Колумбија. 

Авионот на боливиската чартер компанија „Ламија“ сообраќал од Боливија кон колумбискиот град Меделин.

Аеродромот во Меделин, каде што требаше да слета авионот, на неговиот налог на Твитер наведе дека операцијата за потрага по преживеани во несреќата е отежната поради силните дождови во регионот, како и дека до местото на несреќата може да се стигне само по копнен пат.

Според колумбиската управа за цивилно возфухопловство, причините за несреќата се уште не се познати, како ни точниот број на жртви. 

- Веројатно авионот останал без гориво, изјавил Елкин Оспина, градоначалник на блискиот град Ла Цеха.

Со урнатиот авион патувале и фудбалери на бразилски клуб „Чапокоензе“, кои утре требаше да играат натправар во Меделин против локалниот клуб „Атлетико Насионал“ во финалето на Купот на Јужна Америка.

Меѓу десетмината преживеани патници се и тројца фудбалери на „Чапокоензе“ 

- Ова е огромна трагедија, истакна градоначалникот на Меделин, Федерико Гутирес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...